Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Вардариште - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Советниците на Град Скопје не сакаат на итна седница да дискутираат за „Вардариште“

Советниците од „Зелен хуман град“  побарале одржување итна вонредна седница на Советот на Град Скопје на која би се дискутирало за ситуацијата со депонијата „Вардариште“ и последиците за здравјето на граѓаните и за изнаоѓање на трајни решенија за овој проблем. Поддршка за ваква седница добиле само од еден советник.

Неефективното отстранување на различните извори на загадување се проблем со кој со години се обидуваме да ги натераме надлежните да се соочат. За жал, од 43 советници добивме само 1 позитивен одговор за поддршка на нашето барање, а во исто време и дрзок одговор да не сме барале седница за „ад хок пожар“ од советничка блиска до сегашната администрација – велат од ЗХГ.

Со ова, според нив, по стоти пат се докажало дека на ниедна партија не ѝ е гајле што дишат и колку се трујат граѓаните. Цел град , како што велат, една депонија не може да стави под контрола, иако  5000 луѓе умираат годишно од загадување на воздухот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!