Фото: Pexels/ Karolina Grabowska

Состојки кои можат да помогнат при изгореници од сонце, а ги имате дома

Две состојки кои многумина ги имаат дома, можат да помогнат да се смират изгорениците од сонце, но најважно е да се знае кога да се искористат.

Дерматолозите препорачуваат да се користи алое вера и кокосово масло за да помогнат во ублажување на изгорениците и намалување на лузните предизвикани од прекумерното изложување на сонце.

Сепак, тие велат дека нанесувањето на кокосово масло е добро само доколку се користи во вистинскиот момент. Ако го нанесете набрзо по изгореницата, кокосовото масло може да ги затвори порите на вашата кожа. А, со тоа може да ја влошите вашата болна, отечена и изгорена кожа, бидејќи дополнитено ќе се задржи топлината.

Затоа се препорачуваа прво да се користи алое вера, а потоа да се нанесе кокосово масло.

Најдобро е да го користите кокосовото масло само откако изгорениците од сонцето целосно ќе заздрават и кожата ќе почне да ви се лупи, како што би правеле и со обичен хидратантен крем.

Ако се грижите за изгореници од сонце, пред сѐ придржувајте се кон разладување на кожата со помош на алое вера и користете крема со заштитен фактор.

Секако, за да ги избегнете болните изгореници, најдобро е да се заштитите предвреме, така што ќе останете под сенка што е можно повеќе, ќе носите широка облека, ќе избегнувате изложување на сонце помеѓу 11 и 15 часот и ќе користите крема со заштитен фактор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот