
Сосови што ги топат килограмите, а одлично се комбинираат со месо
Овие деликатесни преливи го забрзуваат метаболизмот и им помагаат на луѓето што се на диета побрзо да ја сварат храната, а со тоа и да ослабнат.
Препорачано
Без малку зачини, нема добра забава. Здравата храна е препорачлива и добра за здравјето, а ако додадете малку поинтензивен вкус, храната добива шмек и прави сетилата за вкус и мирис да се препуштат на вистинско уживање.
Производите што помагаат при топењето на мастите се секогаш добредојдени. Постојат сосови што го забрзуваат метаболизмот и им помагаат на луѓето што се на диета побрзо да ја сварат храната, а со тоа и да ослабнат. Затоа, подгответе ги следните примамливи сосови, а со тоа ќе водите сметка и за фигурата.
Пиперки во оцет
Состојки:
– 12 мали лути пиперки, црвени, зелени и жолти
– една и пол кригла бел вински оцет
Подготовка:
Ставете ги пиперките во чиста, сува тегла, а оцетот варете го до моментот на вриење. Потоа прелијте ги пиперките со оцетот и оставете ги да се изладат на собна температура. Затворете ја теглата и оставете ја две недели, а повремено можете и да ја протресете.
По две недели, пробајте дали оцетот доволно го попримил вкусот од пиперките и процедете. Можете да додадете и неколку суви пиперки и да ги оставите да отстојат уште една недела. Вака подготвениот специјалитет можете да го јадете во комбинација со месо, односно со скара.
Хабанеро сенф
Состојки:
– 3 хабанеро пиперки (мали, лути и округли пиперки)
– 2 домати
– 5 лажици сенф
– 2 лажици кафеав шеќер
– 80 мл сок од ананас
– 2 лажици мед
– 1 лажица мелен коријандер
– сол според вкусот
Подготовка:
Додека ги сечете пиперките на половина и ги чистите од семките, задолжително користете и ракавици поради нивната лутина. Потоа, ставете ги во блендер заедно со другите состојки и мешајте додека смесата не се соедини. Сипете го пирето во тенџере и оставете го да зоврие, а потоа складирајте го во тегли. Може да стои околу два месеца. Овој сос е одличен во комбинација со
свинско месо или пилешко на скара. Имајте на ум дека овој сос, поради шеќерот и медот, е калоричен и затоа не треба да претерувате со количините, без оглед на тоа што го забрзува варењето.
Сос со чили и домати
Состојки:
– 2 конзерви чили
– 1 конзерва сечкани домати
– 40 грама сечкан кромид
– 3 лажици сос од домати
– 2 лажици мед
– 2 чешниња сечкан лук
– 1 лажица рендана кора од портокал
– 60 мл сок од портокал
– ½ лажичка сол
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер, мешајте додека не добиете компактна смеса. Потоа, смета истурете ја во тенџере и варете ја додека не зоврие, а потоа намалете ја температурата и гответе уште пет минути. Така подготвениот сос сипете го во тегли и откако ќе се излади, држете го во
фрижидерот. Рокот на употреба на сосот е еден месец, а одлично одговара со плескавици, пилешко месо или туна.