
Сопственикот на „Ер Индија“ најави дека ќе ги покрие медицинските трошоци за повредените
Сопственикот на Ер Индија, Тата Сонс, објави дека ќе ги покрие медицинските трошоци на повредените по падот на авионот на аеродромот Ахмедабад.
Препорачано
„Жалиме за трагичниот инцидент на Ер Индија. Нема зборови што можат соодветно да ја изразат тагата што ја чувствувам во овој момент. Нашите мисли и молитви се со семејствата кои ги загубија своите најблиски“, пишува Натараџан Чандрасекаран, претседателот на групацијата, објави Гардијан.
ВИДЕО | Нема надеж за преживеани во авионската несреќа во Индија
Тој соопшти дека сопственикот на компанијата ќе обезбеди 100.000 евра за семејствата на секое лице кое го загуби животот во авионската несреќа.
„Исто така, ќе ги покриеме медицинските трошоци на повредените и ќе се погрижиме тие да ја добијат целата потребна грижа и поддршка“, рече тој, додавајќи дека компанијата ќе обезбеди и поддршка за изградба на хотел за медицински работници.
Според дел од медиумите, сите патници на летот за Лондон веројатно загинале, додека индиските медиуми пишуваат дека еден патник е преживеан.
Авионот се урнал во хотел за медицински работници во Ахмедабад, а според локалната полиција и спасувачките екипи, на местото на настанот се пронајдени најмалку 204 тела.
ВИДЕО| Најмалку 133 лица загинаа во авионска несреќа при полетување во западна Индија