Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Скриншот, Фејсбук

Сопствениците на дискотеката „Привилиџ“ ќе одговараат според законите, вели Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека сопствениците на дискотеката „Привилиџ“, чијшто објект работел и покрај тоа што немале лиценца, ќе одговараат согласно законите.

„Во однос на локалот кој немал лиценца за дејност, ние отворено и транспарентно кажавме за тоа, иако не беше наша надлежност. Тоа е одлука на инспекторатите. Сопствениците ќе одговараат согласно законите. Го известивме МВР дека локалот дека не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат. Сакам да ги повикам сите институции да го направат тоа. Утврдено е што значи ноќен клуб, што е кабаре, а што кафуле. Си има различни лиценци“, вели Бектеши за ноќниот клуб во скопскиот Градски парк, пред кој се случи убиството на ракометарот Денис Тот.

Бектеши појаснува дека Државниот пазарен инспекторат ги презел сите мерки.

„И управителот и сопствениците ќе одговараат согласно законските одредби“, нагласува Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот