Фото: Принтскрин - Инстаграм

Сопругата наводно го претепала: Српскиот пејач Марко Булат итно пренесен во болница

Познатиот српски пејач Марко Булат (49), според неофицијални информации на порталот „Курир“, вчера околу 15 часот и 40 минути бил примен во Ургентниот центар во Белград поради повреди наводно нанесени од сопругата Марија. Булат со приватно возило е префрлен во Ургентниот центар во Белград.

Тој, наводно, ги добил повредите во семејниот стан во Нов Белград.

За српскиот портал „Телеграф“ сопругата Марија дала изјава за  целата ситуација, а потоа додала дека Марко го направил сето тоа за да ја остави.

„Имам забрана за приближување. Не знам што да кажам, „жената го претепа“, мислам дека е страшно“ – изјавила Марија, а потоа додала:

„Сето тоа го прави затоа што сака да ме повреди. Досега ме поврзуваа со многу работи и можам да кажам дека сето тоа е поради него. Ова е начин да ме остави. Очигледно или не ме сака, или не сака да живее со болна жена“, рекла Марија.

„Не е задоволен од кариерата, иако реков дека нема да кажам ништо лошо за него бидејќи тој е татко на моите деца, но ова е навистина страшно. Марко секако не може да ми го наруши угледот, може само да влијае на нашите деца, но очигледно е дека прави се за да ми ги одземе. Во принцип, кога би зборувал за сè, ќе биде страшно. Јас не сум јавна личност, никогаш не сакав да бидам, станав затоа што сум негова сопруга. Направив се за да му  родам деца, а сега се случува вакво нешто“ – изјавила Марија за споменатиот портал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!