Фото: EPA/BERND THISSEN

Сопругата на Шумахер по разводот: Би било глупаво да го сменам презимето, ми носи повеќе пари

Иако нивниот брак заврши пред речиси една деценија, поранешните сопружници Ралф Шумахер и Кора Шумахер сè уште се тема на медиумите во Германија. Семејната драма на поранешниот Формула 1 возач, помладиот брат на славниот Михаел Шумахер и неговата екс-сопруга повторно го привлече вниманието на јавноста.

Ралф и Кора беа во брак од 2001 до 2015 година и заедно го имаат синот Давид, кој се натпреварува во мото-спортот. По разводот, односите меѓу нив првично беа коректни, но, како што пренесуваат германските медиуми, ситуацијата станала тензична откако Ралф отворено призна дека имал врска со друг маж, што според пишувањата, било пресвртна точка по која Кора целосно се дистанцирала од него.

Кора, која во последно време често се појавува во медиумите, не се воздржа од коментари на сметка на поранешниот сопруг:

„Да знаев каков е, никогаш не би се омажила за него. Не би ги потрошила со таков човек моите најдобри години, колку и пари тој да има“, изјави таа за германскиот печат.

И покрај затегнатите односи и разводот, Кора не го смени презимето, а причината ја објасни сосема отворено:

„Зошто да го направам тоа? Би било навистина глупаво. Презимето Шумахер ми носи заработка“, рече таа без двоумење..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот