Фото: Инстаграм/Ела Дворник

Сопругата на Дино Дворник: Беше човек кого не можеш да го оставиш, а да не му се вратиш

Денеска се навршуваат 15 години од смртта на регионалниот „крал на фанкот“, хрватскиот музичар Дино Дворник.

Неговата сопруга Данијела му посвети емотивна објава на социјалните медиуми, каде напиша дека сè ѝ се допаѓало кај него – неговата луцидност, одлучност, страст, ритам за танцување, искреност…

„Бевме толку млади кога се запознавме и немавме пари. Имавме неопислива лудост да ги следиме нашите соништа – тој музиката, а јас него и неговата музика. Никој не му веруваше, никој не го бодреше, освен неколкумина од нас лудите. И никој од нас не знаеше до каде ќе стигне тоа. ‘Има некој луд дечко од Сплит што прави фанк (музика)’.

Фото: Инстаграм/Ела Дворник

Сè ми се допаѓаше кај него… неговата луцидност, неговата решителност, неговата страст, неговиот ритам за танцување, неговата искреност, неговото чувство за луѓето и неговата леснотија да ги разбере оние другите кои не го разбираа. Бевме заедно помалку од 20 години, во добро и во лошо. Ги гледав неговите подеми и падови, го бодрев и му ја враќав силата кога и јас ја немав мојата.

Фото: Инстаграм/Ела Дворник

И да беше жив, веројатно ќе бев со него бидејќи тој беше човек кого не можеш да го оставиш без да му се вратиш. Тоа беше пелин и мед (референца на истоимената песна на Дино Дворник). Но, тој беше неизмерно добар лик. Некако брзо поминаа 15 години, ми се чини дека неговото заминување беше неодамна“, напиша таа на Инстаграм и трогна многу следбеници.

Како потсетување, Дино и Данијела Дворник беа во брак од 1989 до 2008 година, кога музичарот почина како последица од предозирање со антидепресиви. Тие ја имаат ќерката Ела, која е позната инфлуенсерка во Хрватска, но и во регионот.

Сопругата на Дино Дворник: Велат дека го убив со дрога, но вистината е дека јас му го спасив животот многупати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот