Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Сообраќајниот тунел над Битола e небезбеден – нема сообраќајна и светлосна сигнализација
Сообраќајниот тунел на обиколницата Прилеп-Ресен, над Битола е без светлосна и сообраќајна сигнализација, и е небезбеден.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Државниот пат на оваа делница е фреквентен, но обиколницата се користи со максимална претпазливост, реагираат учесници во сообраќајот, бидејќи како што посочуваат освен што тунелот е целосно неосветелен и без предупредувачка сообраќајна сигнализација, тој е и опасен бидејќи низ тунелот, во текот на денот, но и ноќе, се движи дел од локалното население – објави МИА.
За потсетување, пролетоска, жител од селото Ивањевци пријави дека во близина на тунелот, неколку лица фрлале тврди предмети кон неговото возило и го оштетиле, а настанот беше евидентиран во сообраќајниот билтен на СВР-Битола.
Сообраќајниот тунел на битолската обиколница се наоѓа кај месноста викана „Германски гробишта“, приодот по коловозот до тунелот често е неуреден со расфрлан смет и цврст отпадок. Последен пат за подобрување на безбедноста на овој сообраќаен тунел беше интервенирано во месец октомври 2016 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34мин
-
41мин
-
49мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5