Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / Фото: "Слободен печат" - Драган Митрески

Сообраќајна контрола во полошко: Се вози со неисправни сопирачки, без зимска опрема, со истечена регистрација

На подрачјето на СВР Тетово вчера од 8 до 14 часот спроведена е акциска контрола на возилата, пред се на нивната техничка исправност.

При контролата биле откриени и 5 возила (ТЕ-3 и ГВ-2) со неисправни сопирачки, 1 (ТЕ) со неисправни други системи, 5 возила (ТЕ-2 и ГВ-3) кои не поседувале адекватна зимска опрема и 2 со истечена регистрација (ТЕ-1 и ГВ-1).

Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени предвидените поднесоци со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на утврдениот прекршок, се движат од 50 до 400 евра во денарска противвредност.

При контролата, исто така, санкционирани се и 5 лица кои ги управувале возилата без соодветна дозвола (ТЕ-4 и ГВ-1), 2 возачи-почетници (ТЕ-1 и ГВ-1) кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 1 возач (ТЕ) со впишана забрана за управување, 1 возач (ТЕ) поради неносење на возачка дозвола, како и 4 (ТЕ) кои непрописно, односно погрешно ги паркирале возилата.

Санкционирани биле и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-3).

„Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со повик и апел до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, посебно оние кои учествуваат во јавниот превоз на патници, да не седнуваат зад управувачот без претходно положен возачки испит, задолжително да поседуваат зимска опрема доколку планираат патување кон Маврово, Стража или Попова Шапка и да внимаваат како и каде ги паркираат возилата“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот