smart

Сообраќајка во Лисиче: Пешак почина по удар од „Ауди, возачот е лишен од слобода

Утринава околу 08:15 часот во СВР Скопје е пријавена тешка сообраќајна несреќа на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ. (83) од Скопје.

Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Лекар ја констатирал смртта.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По насоки на обвинителството, возачот е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот