Топло време, девојка во бело и бел шешир /Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Сончево и малку посвежо време, од утре пораст на температурите

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Од утре, според синоптичарите, следува период на сончево и многу потопло време со пораст на дневните температури.

Повисоки температури ќе бидат забележани во првата половина од следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот