СОКОМ и НУБ „Св. Климент Охридски“ потпишаа меморандум за соработка

Во последните денови на 2021 година во просториите на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, застапуван од Претседателката на СОКОМ, проф. д-р Валентина Велковска – Трајановска и НУБ „Св. Климент Охридски“.

Меморандумот за соработка произлезе од заедничката иницијатива на директорката на НУБ, Јелисавета Костадинова, и м-р Елени Новаковска, раководител на музичката збирка при НУБ. Активностите во рамките на соработката на двете институции ќе се одвиваат во насока на заштита и промоција на македонското музичко творештво што како наследство го оставија генерациите македонски композитори и творци.

– Со потпишувањето на Меморандумот ги официјализиравме долгогодишните заложби на повеќе композитори и музикологот Елени Новаковска за интензивирање на соработката на СОКОМ со НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Од исклучително значење е музичкото културно наследство што во минатото го создадоа македонските композитори, што треба да се проследи, обработи, архивира, заштити и зачува преку грижата за нивните легати.

Јелисавета Костадинова, Елени Новаковска и Валентина Велковска – Трајановска

Со нашата соработка ќе може да се утврдат, изработат и подобрат состојбите со сите материјали на починатите композитори, а финално доколку успееме да ги реализираме сите фази на предвидените активности освен зачувувањето и заштитата ќе се овозможи и реална достапност до нотниот материјал, партитури за понатамошни изведби, нивно истражување и анализа – истакна Претседателката на СОКОМ, Валентина Велковска – Трајановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот