Фото: Фејсбук

Сојузот на борците ја осуди средбата на Касами со осведочениот сепаратист Шп’тим Положани

По вчерашната средба на тетовскиот градоначалник Биљал Касами со Шп’тим Положани, еден од заговорниците за федерализација на Македонија Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните поддржувачи од Тетово, 17 септември 2025

„Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните поддржувачи упатува остра осуда поради синоќешната средба на Билал Касами во кабинетот на Градоначалникот на Општина Тетово со Шп’тим Положани“, пишува во реакцијата.

„Потсетуваме дека во јуни 2009 година, Шп’тим Положани со неколкумина други предводеше иницијатива за федерализација на Македонија, а во ноември 2017 ја згрози јавноста со изјава во венсикот „Лајм“ дека – „Албанците се 50% од Македонија и треба да одлучат дали оваа држва ќе постои или не“, велат од Сојузот на борците од НОАВМ и нивните поддржувачи.

Положани е и долгогодишен претседател на Здружението на поранешните политички затвореници-Албанци, а тој одржува и врски со албанската дијаспора во Европа и САД. Касами во објавата на „Фејсбук“ по средбата со Положани меѓу другото напиша и дека тој „потсетува дека слободата не се дава, туку се заработува секој ден“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот