
Собраниска комисија за здравство: Се расчистува патот за одобрение за ставање во промет на вакцините против ковид-19
Собраниската Комисија за здравство на попладневната седница го поддржа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства поднесен од пратениците Ненад Коциќ, Кастриот Реџепи, Арбер Адеми, Бети Рабаџиевска Наумовска, Белкиса Зеќири, Емилија Рамбабова.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Со предложените решенија ќе се овозможи создавање на законски претпоставки за издавање на одобрение за ставање во промет на вакцините против ковид-19 кога подносителот на барањето нема седиште на територијата на Република Северна Македонија, како и за издавање на условно одобрение за ставање во промет во случај кога барателот кон барањето не ја доставил целокупната документација, согласно членот 20 од Законот за лекови и медицински средства.
Предлагачите во образложението наведуваат дека од моментната ситуација на светско ниво предизвикана од коронавирусот, потребна е итна заштита на населението со ефективни вакцини против ковид-19 со кои ќе се намалат штетите што ги предизвика вирусот и ќе се заштитат економиите на глобалано ниво. Според нив, заради намалување на штетите од коронавирусот, владите низ целиот свет го финансираат развојот на вакцини и склучуваат билатерални договори со
производители на вакцини.
Наведуваат дека заради сигурност и заштита на македонските граѓани, Владата на Република Северна Македонија е должна во најкус можен рок да им обезбеди вакцини на граѓаните против ковид-19.