Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Собраниска иницијатива за надзорна расправа за пожарот во Кочани

Во Собранието, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево ќе одржи седница за поднесување иницијатива за одржување надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедијата во Кочани.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна на 16 март во 2.30 часот изутрината за време на концертот на групата ДНК. Според МВР, огнот настанал од употреба на пиротехнички средства.

Во пожарот животот го загубија 61 лице, а 193 беа хоспитализирани.

Досега се осомничени вкупно 45 лица, три правни лица и седуммина полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот