
Собранието утре ќе формира комисија, а таа ќе селектира кандидати за нов прв антикорупционер
Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата за утре напладне закажа седница на која треба да биде формирана комисија за селекција на кандидати за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Седницата е закажана откако досегашната претседателка на Антикорупциска, Татјана Димитровска, на крајот на јули годинава поднесе оставка од функцијата.
Препорачано
Собранието ја констатира оставката на Димитровска на 29 јули, а на 5 август распиша оглас за нов претседател на ДКСК, по што почна да тече 10-дневниот рок за пријавување кандидати.
Досегашната прва антикорупционерка поднесе оставка на 25 јули откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинение против неа во рамки на предметот „Адитив“. Обвинението се однесува на две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Престанокот на функцијата претседател или член на ДКСК е пропишан во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересот, според кој, функцијата престанува пред истек на мандатот во случај – да поднесе оставка, трајно ја изгуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува Собранието, е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или настапи негова смрт.
Како со Димитровска, така и без неa – земаат плата, а барем да „нишаат врата“