Црквата „Св. Јован Канео“, симболот на Охрид / Фото: Pexels/Tamara Jovicic

Собранието го усвои законот за прогласување на Охридското Езеро и кањонот Матка за споменици на природата

Собранието вчера усвои закони со кои три природни локалитети во земјава добија посебен заштитен статус.

Со посебни закони, Охридското Езеро и кањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата.

Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата, додека за Охридското Езеро ваква одлука беше донесена во почетокот на оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот