Казино / илустрација / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Со новиот закон ќе се намали бројот на казина, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на бројот на клубови кои организираат игри на среќа со донесувањето на новиот Закон за игри на среќа, кој е во завршна фаза на владина процедура.

„По неколкумесечна работа и усогласување, законот е подготвен. Очекувам во текот на месецот да помине на владина седница, по што ќе биде доставен во Парламентот. Со усвојувањето, бројот на автомат-клубови ќе се намали на природен начин“, изјави Мицкоски денеска на настан на Машинскиот факултет во Скопје.

Оваа изјава следи по вчерашната објава на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој на својот Фејсбук профил информираше дека се забрануваат 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

Андоновски: Законски е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот