Фото: Слободен печат

Со новиот е-дневник нема повеќе бришење и преправање оценки

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека наставниците и директорите повеќе немаат можност да бришат, преправаат или препишуваат оценки во новиот електронски дневник. Таа нагласи дека тоа може да го стори единствено администратор во Министерството и само со сериозно образложение.

„Нема повеќе бришење на двојка и преправање во петка. Е-дневникот е надграден и не дозволува такви интервенции,“ рече Јаневска, додавајќи дека наставниците веќе имаат обука, а доколку е потребно ќе се организираат и дополнителни.

Преку мобилна апликација родителите ќе имаат пристап до е-дневникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот