Со нелегални флешери на службено возило: Шефот на кабинет на Груби поминувал патарини без да плати

Во текот на вчерашниот ден, шефот на кабинет на вицепремиерот Артан Груби бил фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци со нелегални флешери, поставени на службено возило во сопственост на Министерството за политички систем, потврдија за „Слободен печат“ извори од МВР.

Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно, а дозвола за нивна употреба имаат само возилата на полицијата и воената полиција кои вршат придружба.

Во акцијата која ја спроведе МВР вчера и денеска, казнети се и шест полициски службеници кои поминале наплатна станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација.

Казни за шест полициски службеници, за да не платат патарина користеле „флешери” и легитимации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот