фавира

Со „Фавира“ на рецепт и во Македонија ќе се лекува ковид-19

Антивирусниот лек фавипиравир пристигнува во Македонија, откако Агенцијата за лекови одобри увоз. Лекот се користи и за лекување на болните од ковид-19, но според сите истражувања, само во раната фаза од развојот на болеста.

„Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид 19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот,  Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите“, соопшти Малмед.

Оттаму посочуваат дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар.

„Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на Ковид 19, па во таа насока апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар. Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на Вашето здравје. Затоа пред да земете лек, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот, посочуваат од Агенцијата.

Инаку, дозите од лекот ќе пристигнат од Јапонија и од Турција.

Лекот поради тоа што не беше одобрен од здравствените власти, не можеше да се купи во аптеките, туку преку програмата на СЗО стана, како „Ремедесивир“  достапен за лекување на болните на Инфективната клиника.

Досега болните од ковид-19 откако се појавија низа сведочења, меѓу кои беше и она Трамп дека успешно се излекувал со „Ремдесивир“ овој лек го обезбедуваат преку разни канали, пред се на црно од Косово каде плаќаа различна цена од 100 до 500 евра.

Здравјето нема цена, но иако успеете да соберете најмалку 12000 евра за лекување во приватна болница не значи дека ќе го добиете лекот

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

ВИДЕО: Фармацевтскиот инспекторат на Косово ги чисти аптеките во Северна Митровица, граѓаните се револтирани

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот