
Сникерс торта без печење: Вирално задоволство за кое ви се потребни само пет состојки и 20 минути
Ако барате здрав, но вкусен десерт кој комбинира путер од кикирики и чоколадо, тогаш овој рецепт е за вас.
Препорачано
Ова вирално уживање потсетува на популарното чоколадо Сникерс, но со многу поздрави состојки и без потреба од печење.
Брза и лесна за подготовка, Сникерс тортата со урми е идеална алтернатива за традиционалните слатки.
Без глутен, без житарки и лесно приспособлив за луѓе кои постат (ако користите посно чоколадо), ви овозможува да уживате во секој залак без грижа на совест.
Совршена е како ужина во текот на денот, но и како вкусна замена за чоколадите кои обично ги купувате.
Состојки:
20-30 свежи урми (без семки)
2 лажици путер од кикирики
2 лажици сечкани кикирики
100 г чоколадо (млечно или темно)
1 лажичка кокосово масло
прстофат морска сол (за декорација)
Подготовка:
1. Прво обложете хартија за печење и наредете ги урмите, внимавајќи да не се преклопуваат.
2. Над урмите рамномерно намачкајте го путерот од кикирики.
3. Во микробранова печка или сад на пареа растопете темно чоколадо со кокосово масло. Со растопената чоколада внимателно прелијте ги урмите и путерот од кикирики.
4. На крај чоколадото наросете сечкани кикиритки и малку морска сол со што ќе добиете прекрасен слатко-солен контраст.
5. Ставете го плехот во фрижидер најмалку еден час додека чоколадото целосно да се стегне. Откако ќе се стегне, исечете ги на парчиња и уживајте во ова здраво, но сепак вкусно уживање.
Добар апетит!