Затвор во Северна Каролина, САД каде се извршува Смртна казна/Фото: Sean Rayford / Getty images / Profimedia

Смртна казна извршена во Флорида: Егзекутиран 63-годишен затвореник со интелектуална попреченост

Маж осуден на смрт за убиствата на неговиот тест, тешта и сестрата на сопругата во 1990 година беше погубен во средата во Флорида.

Дејвид Питман, 63, беше осуден на смрт во 1991 година за избодување до смрт на Кларенс и Барбара Ноулс, родителите на неговата отуѓена сопруга, и нејзината сестра, Бони Ноулс. Тој беше прогласен за виновен и за палење на нивниот дом и кражба на автомобилот на Бони Ноулс, кој исто така го запалил.

Беше егзекутиран во 18:12 часот по локално време, соопштија властите.

Одбраната залудно тврдеше дека тој имал интелектуална попреченост и затоа не требало да биде погубен.

Неговата егзекуција, со смртоносна инјекција на хемикалии, е 31-ва што се спроведува во Соединетите Држави оваа година. Дванаесет се во Флорида.

Ова е веќе најголем број на егзекуции во земјата од 2014 година, кога имаше 35.

Огромното мнозинство од егзекуциите во земјата во 2025 година биле извршени со смртоносна инјекција (26). Три – две во Алабама, една во Луизијана – се извршени со задушување со вдишување азот, многу контроверзен метод што експертите на ОН го опишаа како форма на „тортура“. А две биле извршени од страна на стрелачки одреди во Јужна Каролина; пред оваа година, овој метод се користел во земјата од 2010 година.

Смртната казна е укината во 23 од 50-те американски држави. Три други – Калифорнија, Орегон, Пенсилванија – спроведоа мораториуми за нејзина употреба, со одлуки на нивните гувернери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот