
Смит и Тодоровски се новите засилувања на КК Навико Академија ФМП
Леонид Тодоровски (22) кој пристигнува од екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром УНИ Банка е новото засилување за екипата од Кисела Вода.
Препорачано
Високиот центар (208 сантиметри) во својата кариера настапуваше за КК МЗТ Скопје, КК Куманово и КК МЗТ Скопје УНИ Банка, каде што изминатата сезона постигнуваше во просек 9,62 поени и 4,5 скока по натпревар.
Играчот кој настапуваше за младинските репрезентации до 18 и до 20 години, ова лето се најде на поширокиот список на селекторот Бајиќ, но не избори место во сениорската репрезентација.
Покрај Тодоровски, во екипата на КК Навико Академија ФМП пристигнува и Американецот ЏаШон Смит.
Смит кој доаѓа од колеџот Лонгвуд, настапува на позициите 3 и 4 и во последната своја сезона на колеџ запиша просек од 9,7 поени и 3 скока по меч. За Смит ова е прв професионален договор во Европа во неговата кариера и е со важност од две години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5