Фото: Alberto E. Rodriguez / Getty images / Profimedia

„Смени го името или заборави на Холивуд“: Ултиматумот поради кој за малку кариерата на Дикаприо немаше да постои

Леонардо Дикаприо се осврна на почетоците на својата кариера во новото издание на поткастот „New Heights“ што го водат Џејсон и Тревис Келс. 50-годишниот актер откри дека неговиот агент го советувал да го промени своето име за да успее во Холивуд, бидејќи сметал дека нема да може да успее со неговото име и презиме.

Леонардо, кој е од италијанско-германско потекло, добил совет дека неговото име е „премногу етничко“ и дека продуцентите „никогаш нема да го ангажираат“. Агентот му предложил ново име – Лени Вилијамс, комбинација од неговото име и средното име Вилхелм.

Дикаприо раскажа дека кога неговиот татко ја видел фотографијата со новото име, веднаш ја искинал велејќи дека такво нешто може да се случи само „преку него мртов“.

Неговиот колега Бенисио дел Торо, исто така беше гостин во поткастот и сподели слична приказна. Овој 58-годишен актер рече дека му било предложено име – Бени Дел. Видителот искоментира дека „Овој поткаст не би бил ист со Лени Вилијамс и Бени Дел“.

Леонардо зборуваше и за отфрлањата со кои се соочил како млада ѕвезда во подем. Тој се присети дека агентот се однесувал кон него „како кон добиток“ и го отфрлил.

Дикаприо го припиша тоа на лошата фризура: „Бев брејкденсер. Понекогаш танцував за пари на улица, па затоа имав таква фризура“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by New Heights (@newheightshow)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот