Службен весник одвои 1,6 милиони евра помош за државниот Буџет

Се надева дека со оваа директна финансиска поддршка ќе и помогне на државата за ублажување на ефектите од наметнатата економска криза.

Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, на денешната седница на Управниот одбор, одвои значителни средства од своето работење и одлучи во државниот Буџет да уплати 100.000.000 денари или 1,6 милиони евра, како поддршка на државата, при справувањето со кризата предизвикана од вирусот Ковид 19.

-Во услови на вонредна состојба, ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, како општествено одговорна институција одлучи овие средства да ги уплати во Буџетот на Република Северна Македонија и во рамките на антикризните мерки, да ги стави на располагање на Владата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од ЈП Службен весник на РСМ.

ЈП Службен весник на Република Северна Македонија искрено се надева дека со оваа директна финансиска поддршка ќе и помогне на државата за ублажување на ефектите од наметнатата економска криза, но и на граѓаните за полесно справување со предизвиците во овие тешки времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот