
Случајот „Брајант“: Густа магла за време на летот, проблеми настанале над Зоолошката градина
Во првичните извештаи е наведено дека пет лица биле во хеликоптерот, а потоа полицајците соопштиле дека во падот на леталото загинале девет лица.
Хеликоптерот во кој се наоѓале девет лица, вклучувајќи ги Коби Брајант и неговата ќерка, летал и покрај големата магла при падот во калифорниското место Калабасас.
Препорачано
Медиумите пренеле дека вчера заради лошите временски услови биле приземјени дури и леталата на полицијата на Лос Анџелес, задолжени за надзор на градот од воздух.
Податоците од контролата на летот од аеродромот Бурбанк покажуваат дека пилотот на хеликоптерот контактирал со диспечери околу десет часот по локално време. Хеликоптерот околу 9.40 се свртел кон југ и паднал околу пет минути подоцна.
За падот на хеликоптерот полицијата била известена од група велосипедисти кои го приметиле чадот.
Податоците од сервисот за следење на летови укажуваат дека хеликоптерот наишол на проблеми за време на летот над Зоолошката градина во Лос Анџелес и дека потоа кружел на ниска висина, додека временските услови се влошувале.
Во првичните извештаи е наведено дека пет лица биле во хеликоптерот, а потоа полицајците соопштиле дека во падот на леталото загинале девет лица.
Инаку, минималната видливост за летање според тамошната полиција треба да биде 3.2 километри.
Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Џош Рубенстајн вели дека заради големата магла и слабата видливост било одлучено да не се лета.
„Временските услови не беа подредени со минималните стандарди за летање. Имаше магла која не ни дозволуваше да летаме“, рекол тој.