Christophel Collection / Profimedia

Случајност или судбина? Ултиматумот што на Том Круз му го дала сестра му, му ја донел клучната улогата

Пристигнувајќи во Британскиот филмски институт во Лондон, Том Круз со присутните сподели интересна анегдота што му претходела на неговото учество во филмот што на крајот освои четири Оскари и беше пресвртница во неговата кариера.

Тоа било во 1984 година, откако Круз завршил со снимањето на филмот „Легенда“. Отишол да ја посети својата сестра Кас во Њујорк и токму таа го забележала Дастин Хофман во ресторанот.

– Таа ми рече: „Ене го Дастин Хофман“. Погледнав и го видов со капа на главата, како нарачува храна за носење. Тогаш глумеше во претставата „Смртта на еден трговски патник“. Сестра ми инсистираше да му пријдам и да го поздравам, што не е типично за неа, а јас не сум од оние што им пристапуваат на познати личности – се присети Круз.

По ултиматумот на неговата сестра, кој гласел „ако не одиш ти, јас ќе му кажам кој си“, Круз неволно му се обратил на својот постар колега.

– Реков: „Извинете, господине Хофман, извинете…“. А тој веднаш одговори: „Круз!“. Бев видно изненаден од фактот што Хофман ме препозна.

Средбата резултирала со покана за претставата и посета зад сцената по претставата.

– Додека си заминував, Хофман рече: „Сакам да снимам филм со тебе“. Отприлика една година подоцна, тој ми го испрати сценариото за „Дождовниот човек“ – откри Круз.

Филмот, во кој тој глуми трговец чиј татко му остава богатство на аутистичниот брат за кој тој дури и не знаел дека постои (го глуми Дастин Хофман), стана голем хит и освои Оскари за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар глумец и најдобро оригинално сценарио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот