
Словенија го легализира потпомогнатото самоубиство
Во петокот, Словенија го легализираше потпомогнатото самоубиство, што граѓаните го поддржаа на минатогодишниот референдум, објави Н1 телеивизија.
Препорачано
Парламентот го усвои законот со 50 гласа „за“ и 34 „против“, а тројца претставници беа воздржани.
Законот им дава право на луцидни пациенти кои страдаат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба е неподнослива да го прекинат својот живот, освен во случај на ментални болести. Може да се примени и во случаи кога не се очекува третманот да доведе до закрепнување или подобрување на здравствената состојба на пациентот.
Сите опции за медицински третман ќе мора да бидат исцрпени пред тоа. Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест.
Еутаназијата, т.е. смрт од рацете на лицето кое се грижи за него по барање на пациентот, останува забранета.
На референдумот минатата година, 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.
Швајцарија и Австрија веќе го дозволија овој метод, додека Холандија, Белгија и Луксембург ја одобрија еутаназијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5