Кристјан Чeх победи на СП во фрлање диск/фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Словенецот Чех е светски шампион во фрлање диск

Словенечкиот атлетичар Кристјан го освои златниот медал на Светското првенство во Јуџин, САД, во дисциплината фрлање диск.Чех до златото дојде во третата серија кога дискот го фрли 71,13 метри, што е и нов рекорд на светските првенства.

Сребрениот медал му припадна на Литванецот Миколас Алекна со 69,27 метри, додека бронзата ја освои неговиот сонародник Андриус ​​Гуџус со фрлање од 67,55 метри.
Во финалето на 400 метри со пречки победи Бразилецот Алисон дос Сантош. Освојувачот на бронзениот медал од Игрите во Токио трката ја истрча за 46,29 секунди и постави рекорд на светските првенства.

Олимпискиот вицешампион Раи Бенџамин го освои среброто со време 46,89 секунди, а бронзата ја освои уште еден Американец Тревор Басит со време од 47,39 секунди. Актуелниот олимписки шампион Карстен Вархолм кој минатата година два пати го рушеше светскиот рекорд кој неодамна се опорави од повредата на ногата, се сопна на осмата пречка и на крајот заврши на седмото место.

Златото во трката на 1.500 метри му припадна на Британецот Џејк Вајтмен, кој во финалето го постигна најдоброто време во сезоната од 3:29,23 минути. Актуелниот олимписки шампион Норвежанецот Јакоб Ингебригтсен го освои среброто (3:29.47), додека бронзата му припадна на Шпанецот Мохамед Катир (3:29.90).

Австралијката Елинор Патерсон е светска шампионка во скок во височина. Таа победи со скок од 2,02 метри, а истата височина ја прескокна и Украинката Јарослава Махучих но поради послаба серија мораше да се задоволи со второто место.

Патерсон летвичката на 2,02 метри ја прескокна во првиот обид, додека Махучих беше успешна во вториот обид. Бронзениот медал го освои италијанската атлетичарка Елена Валортигара со скок од 2 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот