Крави / Фото: Pexels/Pixabay

Словенечките земјоделци откриваат: Одземени се 24 крави од фармер затоа што биле валкани?!

Четири дена откако во Словенија стапи во сила измената на Законот за заштита на животните, со која инспекторите може да ги одземат доколку се открие дека одгледувачите ги чуваат во нехумани услови, од еден фармер биле одземени 24 крави, пренесува порталот „Агроклуб“. Имено, минатата недела во село до Кршко ветеринарниот инспектор без никаква најава и предупредување одзел 24 говеда од фармата на семејството Можган. Според официјалното соопштение, животните биле наводно запуштени, пренесува „Моја Долењска“, објави Политика.рс.

Но, она што следеше ги остави без зборови јавноста и сточарите низ Словенија, но и во соседството. Во извештајот од увидот за одземањето наводно не е наведено што точно сторил одгледувачот, ниту пак колку животни се одземени. Порталот наведува дека сопственикот бил шокиран и негира дека животните биле запуштени, а тоа што биле калливи го оправдува неповолното време, односно честите и обилни врнежи во околината. „Ние не одгледуваме крави за да ги мачиме“, вели Можган, сопственик на стадо од 50.000 евра.

Во локалната Агенција за безбедност на храна за медиумите кусо изјавија дека добитокот е ограден во мал одвод, дека просторот е многу каллив, без пристап до вода и храна. Весникот забележува дека целиот случај добил и политичка конотација бидејќи инспекторот кој наредил конфискација на животните летово бил кандидат за нов директор на словенечката управа за безбедност на храна, ветеринарна медицина и заштита на растенијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот