mecka
мечка/ EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Словачка прогласи вонредна состојба во некои области поради проблемот со мечките

Владата на Словачка поради проблемот со мечките прогласи вонредна состојба во неколку окрузи во земјата, а одлуката стапува на сила денеска во 14 часот.

Застрелувањето на 350 кафени мечки било одобрено и врз основа на извештајот на Државната управа за заштита на природата, пренесе Ројтерс. Како што беше наведено претходно, словачкиот министер за заштита на животната средина рече дека во 2020 година имало 650 средби меѓу луѓе и мечки во природата.

„Минатата година имало 1.900 вакви средби. Секоја година бројките се зголемуваат. Тоа се официјални податоци и мора нешто да се преземе околу тоа“, посочи министерот за заштита на животната средина Томаш Тараба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот