Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Словачка ќе ги обесштети граѓаните кои беа казнети поради непочитување на ковид-мерките

Словачка создаде фонд кој ќе собере повеќе од три милиони евра за обесштетување на граѓаните кои беа казнети поради непочитување на итните мерки за заштита на јавното здравје за време на пандемијата ковид-19.

Словачкиот парламент го одобри соодветниот предлог-закон со 78 гласа „за“ и 66 „против“. Иницијативата се очекува да започне на 1 мај.

Приближно 65.000 казни се изречени за неносење заштитна маска или прекршување на полицискиот час.

Барањата за обесштетување може да се поднесуваат до 31 октомври.

Пандемијата ја менаџираше претходната влада. Актуелната опозиција го осуди „скандалозниот“ предлог-закон со кој се наградуваат „оние кои беа рамнодушни“ кон одговорот на ковид-пандемијата.

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу лидерите кои го поддржаа ставот на американскиот претседател Доналд Трамп, да се обезбеди компензација за воениот персонал отпуштен поради одбивањето вакцинација против ковид-19.

Во Долна Австрија – една од сојузните покраини на Австрија – која граничи со Словачка, екстремната десница, со поддршка на конзервативците, создаде сличен фонд со капитал од 31,3 милиони евра, со што се обесштетуваат и граѓаните кои пријавиле несакани ефекти од вакцинацијата против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот