Лицата кои не се вакцинирани, а немаат деказ дека неодамна прележале Ковид-19, од денеска не можат да влезат во угостителски објекти и јавни служби во Чешка и во Словачка/ Фото: ЕПА

Словачка дозволи државата електронски да ги следи локациите на граѓаните

Во вонредна, итна постапка, словачкиот Парламент вчера одобри измена на Законот со што се овозможува на државата пристап до заштитените податоци за мобилните телефони на граѓаните за време на борбата против ширење на епидемијата на коронавирус.

Со 91 глас „за” и 43 „против”, амандманот ќе им овозможи на државните здравствени власти да користат податоци за локација на мобилните телефони за да ги следат движењата и состаноците на луѓето заразени со коронавирус.

Владејачката четирипартиска коалиција, предводена од конзервативецот Игор Матовиќ, која е на власт од саботата, сака да провери дали се кршат карантинските регулативи.

Ако некое лице, тестирано позитивно на Ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, со новите мерки би се предупредувале луѓето кои стапиле во контакт со заразеното лице .

По протестите на Социјалдемократската опозиција, првичниот предлог на владата беше одбиен во парламентот, така што телефонските повици и СМС-пораките не може да се следат, туку само податоците за локацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот