„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ОТКРИВА: Канцерогената троска од велешката депонија ќе се носи во Малезија

Еден и пол милиони тони отровна троска секојдневно го загрозува животот на велешани. Индустрискиот отпад кој во градот го има од времето на велешката топилница, прави локацијата „Баш колиби“ да биде втора по загаденост во Македонија, веднаш по Скопје.

Канцерогената троска е резултат на три децениската работа на Топилницата. Со затворањето на топилницата, велешани изгледа ја добија битката, но не и војната, бидејќи нив секојдневно ги труе темниот облак од црниот рид надвиснат над фабриката. Ветрот од депонијата постојано ја носи прашината од оловната, цинкова и кадмиумова троска.

Овој рид, според објаснувањето на професот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на ПМФ, претставува извор на загадување на градот и покрај неработењето на Топилницата, бидејќи во него има тешки метали, кои се штетни по здравјето.

Во депонијата има 9 проценти цинк од кој преку екстракција можат да се произведат 120 тони цинк, што овозможува економска експлоатација, која што ја препознала фирма од Малезија која на први декември ќе започне процес на преземање на троската.

Од општина Велес информираат дека реализацијата на отстранување на троската се предвидува да трае  48 месеци, а транспортот ќе го врши белградската фирма КЕПС Монт Груп. Процесот ќе започпне со товарење на троската во специјални камиони, кои ќе овозможат услови за безбеден превоз до пристаништето во Солун, од каде понатаму ќе биде пренесена во Малезија.

Сепак тука не завршува проблемот на велешани, бидејќи канцерогените супстанци ќе останат во градот, и по транспортот на троската.

Како што информира професорот Стафилов, направената анализа од примероци од почвата во околината на депонијата, од длабочина од 200 метри, покажале неколку пати повисоки концентрации на тешки метали од дозволеното. Дали процесот на отстранување на троската ќе опфати и деконтаминација на почвата, одговор побаравме од општина Велес, од каде што добивме потврден одговор.

„Општина Велес издаде Б интегрирана еколошка дозвола на операторот КЕПС моун Груп, во која што се јасно прецизирани условите за работа. Откако ќе заврши процесот на транспорт, ќе започне процесот на деконтаминација на земјиштето“, кратко одговорија од одделението за животна средина на општина Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот