
Следниот пат кога ќе купите лимон, веднаш ставете го во замрзнувач: Еве зошто е навистина добра идеја
Дали некогаш сте пробале замрзнат лимон што неодамна сте го купиле во продавница додека одите на редовно набавување на намирници? Ако вашиот одговор е не, можеби ќе сакате да размислите за тоа. И сменете ги вашите навики. Што треба да направите? Тоа е всушност многу едноставно. Секогаш кога ќе купите лимон, исечете неколку парчиња и ставете ги во замрзнувачот, и верувајте ни, нема да зажалите.
Препорачано
Ниските температури значително ја намалуваат киселоста на овошјето. Како што веројатно веќе знаете, лимонот е исклучително здрав бидејќи содржи витамин Ц и го зајакнува вашиот имунолошки систем, помагајќи му на вашето тело во борбата против инфекциите. Лимонот, исто така, содржи и супстанции кои го регулираат крвниот притисок и дури се сметаат корисни за менталното здравје. Лимонот е одличен во борбата против стресот и депресијата.
Со замрзнувањето, лимонот буквално ќе го направите одличен за грицкање.
Причината зошто смрзнатите лимони имаат поинаков вкус од лимоните кои се чуваат на собна температура е нивото на киселост и се губи аромата според која лимоните се препознатливи. Замрзнувањето на лимоните ја намалува оваа киселост. Киселоста ќе се врати дури кога овошјето целосно ќе се одмрзне. Имајте на ум дека кората на лимонот содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од сокот од лимон, па затоа дефинитивно треба да ја искористите, а не само да ја фрлите. Замрзнатата кора има одличен вкус. Можете да ја додадете во супа, салата, шпагети, дури и во омилениот десерт, пренесува „Крстарица“.
Значи, додека зеленчукот како зелената салата и брокулата е добро да се чува во фрижидер, лимоните не треба да се чуваат во фрижидер. Тие припаѓаат на групата цитруси и зреат на температура од околу 30 степени. И покрај тоа што лимоните побрзо се расипуваат на повисоки температури, сепак, не треба да ги чувате во фрижидер.
Најдобри совети за складирање
Ако ги чувате лимоните во фрижидер, тоа ќе му напштети на вкусот.
За среќа, постојат и други начини за чување на лимоните:
1. Лимоните чувајте ги на темно место во ладна просторија. Идеален е подрумот или просторија за складирање без прозорци. Внимавајте лимоните да не се премногу блиску еден до друг. Ова го спречува формирањето на мувла. Ако ставите весници под цитрусите, тие ќе ја апсорбираат влагата и исто така ќе спречат формирање на мувла.
2. Освен целите лимони, можете да подготвите и само сок од лимон. Тоа се прави или со чување во сад во фрижидер или со замрзнување.
Дали може исечените лимони да се чуваат во фрижидер?
Истото не важи и за начнатите лимони. Можете да ги чувате во фрижидер еден до два дена. Имајте го на ум следново: ставете ја исечената страна на лимонот надолу на мала чинија за да не се исуши. Идеално е овошјето да го ставите во горната преграда на фрижидерот, каде што температурата е пониска. Секако, тоа ќе влијае и на аромата, но тоа е помало зло, бидејќи начнатиот, исечениот лимон, надвор од фрижидерот пребрзо ќе се расипе.