Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук

Следи департизација на јавната администрација, заврши времето на реваншизам и клиентелизам, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека поминало времето кога јавната администрација била сведена на политички плен и кога владеела партизација, реваншизам и клиентелизам. Тој на денешниот настан „Инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, порача дека администрацијата ќе се трансформира во професионален и ефикасен сервис на граѓаните.

Тој ја обвини претходната влада дека оставила демотивирани службеници со нарушена доверба, кои со години чекале за соодветни системи за обука.

„Да се потсетиме каде бевме: неодамна, јавната администрација беше сведена на политички плен. Наместо развој – партизација. Наместо мотивација – страв и реваншизам. Наместо обука – клиентелизам. Тоа време заврши. Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома – преку современ јавен сектор. Времето на Македонија е сега. Мора да ја извлечеме државата од мракот на партизацијата и да ја однесеме во светлината на европската иднина“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот