Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Славниот пејач откри дека има рак на кожата: „Се оперирав, луѓе, одете на прегледи!“

Познатиот американски музичар, 36-годишниот Кевин Џонас од популарниот бенд „Браќата Џонас“, ги изненади своите обожаватели откривајќи дека бил подложен на операција за отстранување на рак на кожата.

Имено, пејачот кој се прослави како дел од поп рок групата „Jonas Brothers“ со своите помлади браќа Џо и Ник, преку Инстаграм откри дека му бил дијагностициран карцином на базалните клетки.

Во видеото што го сподели со своите следбеници, Кевин ги предупреди следбениците дека треба редовно да ги прегледуваат сите промени на своето тело.

„Денеска ми отстрануваат карцином на базалните клетки од главата. Да, тоа е вистински мал рак на кожата кој почна да расте, па сега морам да направам операција за да го отстранам“, започнал пејачот во видеото.

Кевин потоа се јавил веднаш по медицинската процедура и покажал како изгледа.

„Во ред, завршив. Сега е време да оздравам. Одам дома. Луѓе, одете да ги прегледате бенките…“, порачал на крајот.

Неговата објава набрзо привлече големо внимание кај следбениците кои во коментарите изразија загриженост за здравјето на нивниот омилен музичар.

„Ти благодарам што си реален и искрен за твојата ситуација“, „Ти благодарам што ја креваш свеста за ова“, „Ти посакувам брзо закрепнување“, „Мило ми е што сè помина добро“, му напишаа неговите обожаватели под видеото.

Инаку, карциномот на базалните клетки е најчестиот облик на рак на кожата, а потекнува од одредени клетки во надворешниот слој на кожата (епидермисот). Вообичаено, на кожата се појавува мал, сјаен јазол, кој полека се зголемува, а на местото на јазолот може да се формираат рани и кори, кои понекогаш крвават или јазлите стануваат рамни, слично на лузна.

Ракот обично се отстранува, но понекогаш се даваат и лекови за хемотерапија кои се применуваат локално на кожата, се спроведува радиотерапија или системско лекување со лекови.

 

И Џо Бајден е на ТикТок: Американскиот претседател сними видео со браќата Џонас во Белата Куќа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот