
Славната водителка изела салата и дознала дека има смртоносен рак: Почувствувала еден симптом
Марија Менунос (45) откри како изгледал симптомот кој се појавил откако изела салата, а кој бил знак за еден од најсмртоносните облици на рак.
Препорачано
Откако ѝ се појавила болка во стомакот во 2022 година, спортистката, актерка и водителка Марија Менунос (45), отишла на лекар. Болката започнала откако јадела салата составена од пченица „фаро“, која многумина ја нарекуваат „мајка на сите пченици“. Станува збор за намирница која се користи за салати, каши за појадок или како додаток на зеленчук. Позната е како здраво цело зрно, а полно е со влакна, железо и протеини.
Сè се случило минатото лето. Кога Марија почувствувала надуеност и болки кои ги опишала како „дeka ќе експлодира однатре“, се обратила кај лекарите. Тие првично ги отфрлиле нејзините симптоми, поради што водителката одлучила да побара помош во друга болница. Таму била испратена на скенирање, а резултатите откриле дека боледува од еден од најсмртоносните облици на рак – рак на панкреасот. Ракот бил во втор стадиум.
„Мислев дека проблемот е во салатата. Бев сигурна дека сум нетолерантна на глутен и дека мојот стомак не го поднесува тоа добро“, рекла водителката која болеста не ја откри така лесно.
Таа претходно направила ендоскопија и колоноскопија, а потоа и скенер. Сите резултати беа добри и ништо не укажувало на здравствен проблем. Лекарите го опишаа нејзиниот панкреас како „незабележителен“.
Сепак, симптомите продолжија. Марија страдала од дијареја (пролив), а болките станале неподносливи во ноември 2022 година. Затоа во јануари отишла на лекар и побарала скенирање на целото тело. Тогаш и ја добила дијагнозата, а лекарите рекле дека претходните снимки го пропуштиле резултатот бидејќи „не биле толку јасни како скенирањето на целото тело“.
Таа била итно однесена на операција и во февруари 2023 година, туморот бил хируршки отстранет, заедно со дел од панкреасот и дел од слезината и 17 лимфни јазли. Ракот не се проширил во нејзиното тело и не ѝ требало дополнително лекување. Марија сега се чувствува добро, но продолжува да внимава на симптомите. Решила да ги запише сите вознемирувачки чувства во книга за да може да ги следи промените.
Кога објавила една фотографија во бикини на Инстаграм, се осврнала на лузните од операцијата.
„Размислувам за операцијата што ја направив на почетокот на оваа година и благодарна сум на силата со која Бог ме благослови за да го пребродам ова и секако, сите прекрасни луѓе што ги испрати да ми помогнат! Сега ги гледам лузните што ги имам, кои внимателно ги штитам од сонце и се смеам“, напишала убавата водителка и додала дека нејзината ќерка е „нејзиниот најдобар лек“.
„Сакам да биде научена дека најважното нешто во нејзиниот живот е да биде здрава, а потоа може да постигне и да прави сè што сака. Мислам дека моето следно поглавје во животот ќе биде најздраво, бидејќи бев принудена навистина да го преиспитам моето здравје на толку длабок начин. Тоа го промени текот на сè“, рекла Марија.