
Славната актерка повеќепати се бореше со ракот на кожа: Новите фотографии со лузна на лицето ги загрижија сите
Лузната на лицето на холивудската актерка Мелани Грифит ги загрижи сите. Таа со години се бори со ракот на кожата, па оттука и загриженоста за новите фотографии што ги преплавија странските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Мелани Грифит (65) неодамна беше забележана пред нејзиниот дом во Западен Холивуд. Но, она што привлече особено внимание е големата лузна на лицето на актерката.
Инаку, Мелани претходно се бореше со ракот на кожа.

„Пејџ сикс“ ја контактирал ПР-службата на Мелани Грифит, но засега нема одговор што се крие зад лузната на лицето на холивудската ѕвезда.
Мелани Грифит последен пат се бореше со меланом во 2018 година. Откако се појави со завој на носот, таа објави дека имала операција со која биле отстранети клетките на ракот.
„Ако се сончате, бидете ВНИМАТЕЛНИ. Користете заштитен крем. Прегледајте се кај вашиот дерматолог. Ако немате лекар, сменете го тоа или одете во најблиската клиника и побарајте да ве тестираат“, порача таа на Инстаграм.
Првпат ѝ бил дијагностициран рак на кожата во 2009 година, кога болеста се појавила под нејзиното десно око. Иако мислела дека е излекувана, болеста повторно се вратила во 2017 година кога актерката забележала темна дамка на нејзиниот нос, која хируршки била отстранета.
– Застрашувачка работа е кога сте актерка и кога работата зависи од вашето лице – набргу потоа изјавила Грифит, а нејзините деца ѝ биле најголемата поддршка во текот на сите тешкотии.
View this post on Instagram
Мелани од бракот со Антонио Бандерас, од кого се раздели, ја има ќерката Стела. Само два дена откако објавија дека се разделуваат, Мелани на црвениот тепих покажа дека го отстранила името на Бандерас од внатрешноста на тетоважата, а потоа и целата тетоважа, која беше нејзин заштитен знак речиси 20 години.
View this post on Instagram
Од бракот со актерот Дон Џонсон ги има синот Александар и ќерката Дакота, која исто така тргна по нивните актерски стапки. Помеѓу нив двајца, Мелани има уште еден неуспешен брак, со Стивен Бауре, американски актер со кубанско потекло.
ФОТО: Мелани Грифит (63) ги воодушеви своите обожаватели позирајќи во розова долна облека
Антонио Бандерас искрен за бившата сопруга: Ќе ја сакам до смрт!