
Славје и на ЛГБТИ заедницата во САД: Прва трансродова жена во Сенатот и хомосексуалци во американскиот Конгрес
Кандидатите од ЛГБТИ заедницата остварија низа историски резултати на изборите во САД, вклучувајќи и влез на Сара Mекбрајд во Сенатот, прво трансродово лице во горниот Дом на американскиот Конгрес.
Препорачано
Најмалку 117 од рекордни 574 припадници на ЛГБТИ заедницата на изборите во САД досега остварија победа, според фондацијата LGBTQ Victory Fund.
Прва транс припадничка од домородското американско население во застапничкиот дом на Конгресот
– Ова е големо постигнување на припадниците на ЛГБТИ заедницата, рече Стефани Бајерс, која стана прва транс припадничка од редовите на домородското население во САД во застапничкиот дом во Канзас.
– Родовиот идентитет повеќе не е единственото што некој го гледа кога се натпреваруваме за застапничко место. Воочуваат дека се занимаваме пошироко, а не само со ЛГБТИ прашања, истакна 57 годишната учителка.
Први хомосексуалци од афро-хиспанската и црнечка заедница избрани во Конгресот
Додека сè уште пристигнуваат податоци за другите ЛГБТИ кандидати, меѓу сигурните победници се Ричи Торес и Мондер Џонс, првите хомосексуалци од афро-хиспанската и црнечка заедница што се избрани во Конгресот.
– Денешните победи на небелите ЛГБТИ и трансродови лица се историски и предолго очекувани, порача Сара Кејт Елис, претседателка на организацијата ГЛАД која се бори за заштита на ЛГБТИ правата.
– Нивните победи претставуваат скок кон прифаќање на ЛГБТ и барање за уште поголем напредок и еднаквост што претставува нивната појава, додаде она.
ЛГБТИ гласачите се седум отсто од електоратот на овие избори
Националната излезна анкета што ја спроведе агенцијата Едисон Рисрч покажа дека ЛГБТ гласачите сочинуваат седум отсто од вкупното гласачко тело на овие избори во САД.
– Во последните три изборни циклуси, уделот на ЛГБТ гласачите продолжи да расте, зацврстувајќи ја нашата заедница како клучна изборна група која мора да ја придобијат политичарите, изјави претседателот на Кампањата за човекови права, Алфонсо Дејвид.
– Нашите прашања се важни, нашите гласови се важни, а политичарите во целата земја го воочија тоа, дополни тој.