Проф. Трајко Славески/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Џуриќ

Славески: Најголем проблем за брзиот автобуски превоз е трасата на „Партизанска“

„Никогаш од ниеден советник не е изречено или не е кажана констатација дека соодветната институција Европската банка за обнова и развој била сомнителна институција. Никогаш никој не кажал такво нешто од говорницата на Советот на Град Скопје“, истакна претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, во реплика кон советникот Александар Трајановски на денешната седница на Советот на Град Скопје, во дебата за проектот за воведување брз, линиски автобуски превоз во главниот град.

Славески посочи дека многу добро знае како се движи соработката на Република Македонија со Европската банка за обнова и развој.

„Јас сум засегнат од ваквата неточна констатација на советникот Трајановски затоа што како министер за финансии по функција сум бил и гувернер, односно претставник на Република Македонија во Европската банка за обнова и развој и многу добро знам како се движела соработката со Банката“, рече Славески.

Тој додаде дека советниците не ги изнесуваат своите аргументи 20-ти пат затоа што веќе го имаат кажано своето мислење.

„Второ, советниците, најверојатно, не ги изнесуваат своите аргументи 20-ти пат затоа што го кажале своето, дека најголем проблем е трасата на булеварот ‘Партизански одреди’, каде што се доведува во опасност водоснабдувањето со вода за пиење за жителите на град Скопје. Имаше и други предлози за промена на трасата, тоа не е направено и оттука мислам дека е отпорот на советниците да дадат поддршка на таков проект што го сметаат за неиздржан, без соодветните корекции што беа предложени“, рече Славески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот