Проф. Трајко Славески/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Џуриќ

Славески на средба со раководството на Стопанската комора

Гувернерот на Народна банка Трајко Славески денеска ќе има средба со раководството на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески.

Како што информираат од Стопанската комора, ова ќе биде прва средба на Славески со претставниците на најстарата и најбројна бизнис асоцијација, откако тој беше назначен за гувернер на Народната банка. Централна тема на разговорот, велат, ќе бидат макроекономските политики во функција на развојот на македонската економија.

– Со реализирање на работната средба во Комората, практично се потврдува воспоставената пракса, секој нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија првиот настап да го има на адресата на СКСМ, Димитрие Чуповски, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот