Такси возило во Скопје / илустрација / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Скопски таксист нападнал млада Турчинка

24-годишна турска државјанка вчера пријавила во полиција дека физички ја нападнал таксист во Скопје.

„На 27.01.2025 во 17.50 часот во СВР Скопје, М.Г.К. (24) од Република Турција пријавила дека околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање околу такси услуга, била физички нападната од такси возач“, информираа од МВР.

Од полицијата додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот