Филмската програма на „Ѕирни“ се одвива на Плато пред Дом на АРМ / Фотографија: Александра Костадиновска

Скопска премиера на филмовите „Остров“ од Бранко Костески и „Зајак“ од Ханис Багашов ќе се одржи на „Ѕирни“

Тимот на кафе и филм „Котур“ ја објави програмата за втората вечер (30 септември) на седмото издание на фестивалот на филм и музика „Sирни“. Филмската програма на „Ѕирни“ се одвива на Плато пред Дом на АРМ.

Програмата на втората вечер опфаќа проекција на пет кратки филмови, меѓу кои се вбројуваат и две скопски премиери, и тоа: „Остров“ во режија на Бранко Костески и „Зајак“ во режија на Ханис Багашов. По проекциите следува разговор со авторите модериран од Дениз Абдула.

Покрај проекциите, и како дел од музичката програма, во „Котур“ ќе се одржи концертна промоција на албумот „Наше после сѐ“ од бендот „Занаду“.

Програмата за 30 септември, во 19:30 часот, ќе биде отворена со проекција на филмот „Остров“ (17 минути) во режија на Бранко Костески. Владо, 40-годишен мизантропски сценарист, живее сам, избегнувајќи човечки врски. На неговиот роденден, неговата сестра го поттикнува повторно да се поврзе со својата средношколска љубов, Сара, која сега е вратена во градот.

Потоа ќе следуваат кратките филмови „Зајак“ (20 мин.) во режија на Ханис Багашов, „Очи“ (4 мин.) на Леона Јариќ, „On the way“ (15 мин.) на Самир Карахода и „68 Секунди“ (9 мин.) во режија на Итана Вукосављевиќ.

Фестивалот „Ѕирни“ трае до 6 октомври на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм „Котур“. Влезот за сите проекции е слободен, но поради органичениот број седишта потребно е да подигнете билет од „Котур“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот