Skopje Vinyl Convention денеска во МКЦ

Во минатото школските клупи и градскиот асфалт беа место за размена на плочи. Денес тоа место ќе биде МКЦ. Со почеток во 14 часот, љубителите на грамофонски плочи ќе го означат почетокот на третата винил- конвенција кај нас – „Skopje Vinyl Convention“.

На програмата се сетови од 60 диџеи, кои на 4 сцени ќе ги забавуваат посетителите со музика од винилни изданија. Пасионираните љубители велат ќе дојдат и пред официјалниот почеток, како би можеле да „ископаат“ некоја уникатна плоча од триесетината плочари, колекциониери и дилери, пред некој друг да им ја купи.

Организаторите, „Фанки фреш“ најавуваат и панел дискусии, промоции, филмови, а за најмалите ќе биде обезбеден специјален дел за дружење и игра. Обезбеден е и посебен дел со храна и пијалаци, а влезот за настанот кој ќе трае до раните утрински часови е бесплатен.

– Ги покануваме сите љубители на винилот и на добриот звук да ни се придружат денес во МКЦ. Оваа година имаме повеќе изложувачи и дилери од претходните, но имаме и одлична програма, буквално за сите – вели Гоце Трпков (DJ Goce) еден од организаторите на конвенцијата.

Во рамки на конвенцијата ќе се одржи и настанот „Историја на Македонската винил продукција“, во рамки на која со музичка програма ќе настапат ПМГ Колектив, после што ќе има дискусија на темата, а ќе биде прикажан и музичкиот документарен филм „103 Љубовно писмо до алтернативната култура“.

Музичкиот дел на настанот ќе го збогатат двократниот светски шампион DJ Woody од Велика Британија, како и легендата од Хамбург- Mirko Machine (Германија) и Naughty NMX (Германија).

Деталната програма може да се најде на официјалните Facebook и Instagram профили на Skopje Vinyl Convention.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот