Загадување, жена со маска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Скопје сè уште го држи приматот за најзагаден град во Европа

Со индекс 162, Скопје и денеска е најзагаден град во Европа, а 11. во свет, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот.

На листата на најзагадени градови во светот се: Лахор, Делхи, Кампала, Дака, Карачи, Ханој, Доха, Манама, Каиро и Акра.

Овој индекс укажува дека лицата со респираторни и срцеви проблеми, постарите, децата и бремените жени треба да избегнуваат подолг престој на отворено. Препорачливо е користење на заштитни маски, особено во најзагадените делови од градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот