фото: facebook.com/borkoristovskib

Скопје ќе биде домаќин на силен меѓународен ММА турнир

Министерството за спорт ќе биде главен покровител на силниот Меѓународен ММА турнир што ќе се одржи на 6 септември во Скопје, во организација на Македонската ММА федерација.

Овој настан е вистински спортски спектакл кој ќе донесе нова енергија и квалитет во спортската понуда на нашата земја.

Ќе имаме можност да ги видиме најдобрите македонски борци – Горјан Гого Славески, кој настапува во САД, како и Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Дино Сарчевиќ и врвни меѓународни имиња од ММА светот.

Ова е ретка можност за македонската публика и особено љубителите на ММА борбите да ги види своите идоли.

Министерството за спорт најавува дека секогаш ќе се залага за промоција на спортот и на вистинските вредности во спортот – фер плеј, посветеност и страст, и дека без разлика на дисциплината, секогаш ќе поддржува чист и вистински спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот