Дел од „стрит арт“ и графити активностите се и муралите во ГТЦ, реализирани со вклучување на МКЦ во проектот „КреАрт“

Скопје 2028: Легални ѕидови за графити, за вас добри луѓе

Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење на 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје

Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначи два легални ѕида за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично, соопшти тимот на СКОПЈЕ 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата.

Определените ѕидови се потпорниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски) по Реплек, и ѕидовите од двете страни на булевар Гоце Делчев под поранешна Стоковна куќа МОСТ, денес Универзитет на Југоисточна Европа.

Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници.

Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење на 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје.

По тој повод тимот на СКОПЈЕ 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата, кој е иницијатор на идејата за назначување на легални ѕидови во Скопје организира и акција на цртање на графити на легалниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов на тема „Солидарност” на која учество ќе земат седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешќец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермал Криезиу.

Акцијата на цртање графити ќе се реализира викендот на 24 и 25 јули. Акцијата е организирана во партнерство со Младинскиот културен центар. 

 Овде може да ја видите мапата на легалните ѕидови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот